0_Web_Aktuale SQBotë SQBotë.Portal SQ

Vdes Kolin Pauell nga komplikimet nga koronavirusi

Почина Колин Пауел од компликации од коронавирусот Вашингтон, 18 октомври 2021 (МИА) – Колин Пауел, првиот афро-американски државен секретар на САД, почина денеска на 84-годишна возраст од последиците на заразата со коронавирус. „Генералот Колин Л. Пауел, поранешен државен секретар на САД, почина утрово поради компликации предизвикани од коронавирусот“, соопшти неговото семејство. „Изгубивме извонреден сопруг, татко, дедо и голем Американец“, напишаа неговите најблиски, нагласувајќи дека Пауел беше целосно вакциниран против коронавирусот. Колин Пауел беше угледен и импресивен „професионален војник“, кого кариреата го водеше од војната во Виетнам до првиот афро-американски советник за национална безбедност. Неговата национална популарност нагло порасна по победата на коалицијата предводена од САД за време на војната во Заливот, и едновремено, во средината на 1990-тите години, се сметаше за водечки кандидат за прв црн претседател на САД. с

Butoni Kthehu në krye
Mbylle